КАНОИЛ® Gold Nut 25% CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ®gold nut
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:  Маслен раствор во масло од орев
25 % CBD
(2500 mg CBD/ 10 ml)


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД:
КАНОИЛ®gold nut
CBD (Cannabidiol)

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ®gold nut И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® gold nut е маслен раствор за перорална употреба, кој содржи висока концентрација на CBD (Cannabidiol) од 2500 mg во 10 ml масло од орев.

КАНОИЛ® gold nut содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa  под 0,2%

КАНОИЛ® gold nut маслениот раствор, е посебна комбинацијата на високи концентрации CBD и високовредно масло од орев, која е формулирана во согласност со најновите сознанија за позитивните ефекти кај различни здравствени состојби на поединичните компоненти:

Канабидиолот во  КАНОИЛ® gold nut е природен екстракт со висока концентрација на CBD добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и може да имаат имуномодулаторно дејство (го подобруваат имунолошкиот одговор), противвоспалително, антиоксидантно, аналгетско, анксиолитично, невропротективно, кардиопротективно и други дејства.

Маслото од орев, кое долг временски период е предмет на високо специјализирани научни истражувања, содржи незаситени масни киселини во висока концентрација, флавоноиди, фенолна киселина, мелатонин, фолати, витамин Е, селен, фосфор,  проантоцијаниди и др. Посебно истражувани се полинезаситените масни киселини и тоа: омега-6 масните киселини (линолеична – LA ) и омега-3 масни киселини (алфа-линоленична – ALA) со нивното силно противвоспалително дејство, кои во комбинација со останатите компоненти на маслото од орев имаат и антиоксидантни, невропротективни, вазопретективни, кардиопротективни и други својства.

Противвоспалителното дејство на маслото од орев се надополнува со имуномодулаторното дејство на CBD од што произлегува значително подобрување на имунолошкиот одговор.

Маслото од орев помага во одржување на мозочните (когнитивните) функции. Дејствува невропротективно, ги ублажува когнитивните нарушувања, помага во одржување на меморијата и учењето на нови работи. Ова дејство е надополнето со невропротективното дејство на CBD, со што се подобрува општата здравствена состојба посебно кај Паркинсоновата болест, односно придонесува за ублажување на когнитивните нарушувања кај Алцхајмеровата болест.

Ова масло е важно и за одржување на функцијата на кардиоваскуларниот систем. Помага во намалување на зголеменото ниво на масти и холестерол во крвта, ја подобрува ендотел-зависната вазодилатација и со тоа манифестира вазопротективно и кардиопротективно дејство. Исто така, маслото од орев може да помогне во намалување на ризикот за појава на дијабет тип 2 и во намалување на зголеменото ниво на шеќер во крвта. CBD исто така помага во регулирање на покачено ниво на масти,  холестерол и шеќер во крвта со што се надополнува и влијанието во одржувањето на кардиоваскуларните функции.

Комбинацијата на двете составни компоненти во КАНОИЛ® gold nut може да делува кардиопротективно, ги заштитува крвните садови, ја подобрува работата на срцето, ги намалува крвниот притисок, мастите и шеќерот во крвта и го намалува ризикот за појава на дијабет.

За што се употребува  граничниот производ КАНОИЛ® gold nut

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® gold nut  се манифестираат  при:

  • Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
  • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
  • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
  • Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
  • Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
  • Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
  • Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис.

Може да се употребува и за:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
  • Нарушен баланс на цревната флора;
  • Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер).

КАНОИЛ® gold nut не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® gold nut се зема со капнување под јазик.

Пред употреба треба добро да се протресе. Пред употреба, шишенцето со маслото треба да се загрее со држење во дланките и убаво да се промеша.

Возрасни и адолесценти:

КАНОИЛ® gold nut  се употребува еднаш дневно. Наутро се капнуваат 3-4 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне. Во 1 капка КАНОИЛ® gold nut се содржат 10 mg CBD (теоретска вредност).

Храната не влијае на употребата на КАНОИЛ® gold nut.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

КАНОИЛ® gold nut не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

КАНОИЛ® gold nut може да го употребуваат лица со дијабетес.

СОСТАВ

КАНОИЛ® gold nut маслениот раствор содржи:

  • 2500 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis),
  • масло од орев.

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

  • Хиперсензитивност на која било состојка на маслениот раствор;
  • бременост или доење;
  • употреба на алкохол или недозволени супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со стаклено шише од 10 ml со капаче со капалка.