КАНОБИЛ® ХИВ

Категорија на производот: Производ од канабис за медицинска употреба
Тип на АТС производ: §КАНОБИЛ® ХИВ се издава на рецепт во два примероци само по препорака на лекар.
тригоник – значи апсолутна забрана за управување со моторно возило или машина
§ – значи опојна дрога
Назив на производот: КАНОБИЛ®ХИВ маслен екстракт од канабис за медицинска употреба
Генерика: tetrahydrocannabinol  (THC), cannabidiol  (CBD)
Доза:

Mаслен раствор за перорална употреба

(2,5 mg тетрахидроканабинол (THC) и

1 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL

(300 mg тетрахидроканабинол (THC) и

120 mg канабидиол (CBD))/120 mL

Текстот не е наменет за самомедикација!
Текстот е наменет во информативни цели за стручната јавност.


ИМЕ НА ПРОИЗВОДОТ
КАНОБИЛ®ХИВ
tetrahydrocannabinol (THC), cannabidiol (CBD)


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Терапијата мора да биде препорачана и надгледувана од лекар, специјалист онколог или хематолог.

Вашиот лекар ќе Ви каже колку дози дневно треба да употребите  и кога да ги употребите. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар.

КАНОБИЛ®ХИВ се употребува перорално.

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Терапијата мора да биде препорачана и надгледувана од лекар. Вашиот лекар ќе Ви каже колку дози дневно треба да употребите  и кога да ги употребите. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. КАНОБИЛ®ХИВ се употребува перорално. Протресете го шишето пред употреба. Со пластичниот градуиран шприц извлечете количина од маслениот раствор што одговара на  дозата дадена според шема од Вашиот лекар. Внимателно истиснете ја содржината од шприцот во устата и полека голтнете. Во зависност од состојбата за која се применува, Вашиот лекар ќе Ви ја препорача дневната доза на КАНОБИЛ®ХИВ според следниве шеми:

Возрасни

Терапијата со КАНОБИЛ®ХИВ вклучува:

Период на титрација и Период на одржување согласно шемата на дозирање.

Перидот на титрација трае вообичаено трае 2 недели и вклучува:

  • Процена на тежината на симптомите кај пациентот, пред почеток и во тек на терапијата, со примена на:

-VAS вредност-рангирање на сензациите за апетит и перцепцијата за глад и ситост поврзано со земањето на храна;
-Вредност на енергетски внес – евалуиран  како број на калории или број на внесени оброци дневно.

  • Постепено зголемување на дозата до постигнување на саканиот ефект: зголемување на апетитот и престанок на губиток на телесната тежина со најмалку несакани ефекти.
  • Кога во тек на титрацијата ќе се постигне саканиот ефект треба да се престане со понатамошно зголемување на дозата, независно дали е постигната доза на одржување.
  • Ако во текот на дозирањето се појават умерени несакани тегоби (вообичаено зашеметеност), треба да се намалува дозата и тоа секој ден по една дневна доза помалку (по обратен редослед од зголемувањето).
  • Ако во тек на дозирањето се појават сериозни несакани тегоби треба да се престане со терапија.
  • Дозата постигната во тек на титрацијата, која е во рамките на максимално препорачаната дневна доза, која е добро поднослива и со која се постигнува снижување на NRS, е Доза на одржување.
  • Максималната дневна доза на THC е 37,5mg/ден.

По препорака на лекар дозата може да се намали или зголеми.

ПЕРИОД НА ТИТРАЦИЈА

ДНЕВНА ДОЗА
(период меѓу
14 часот на пладне
и 18 часот )
количина на
маслен раствор (ml)
ВЕЧЕРНА ДОЗА
(пред спиење)
количина на
маслен раствор (ml)
Вкупна дневна
количина
на маслен
раствор (ml)
Вкупна дневна доза
THC/ CBD (mg)
Ден 1 / 1ml 1ml 2,5mg/1mg
Ден 2 1ml 1ml 2ml 5mg/2mg
Ден 3 1ml 2ml 3ml 7,5mg/3mg
Ден 4 2ml 2ml 4ml 10mg/4mg
Ден 5 2ml 3ml 5ml 12,5mg/5mg
Ден 6 3ml 3ml 6ml 15mg/6mg
Ден 7 3ml 4ml 7ml 17,5mg/7mg
Ден 8 3ml 5ml 8ml 20mg/8mg
Ден 9 4ml 5ml 9ml 22,5mg/9mg
Ден 10 4ml 6ml 10ml 25mg/10mg
Ден 11 5ml 6ml 11ml 27,5mg/11mg
Ден 12 5ml 7ml 12ml 30mg/12mg
Ден 13 6ml 7ml 13ml 32,5mg/13mg
Ден 14 6ml 8ml 14ml  32,5mg/13mg
Ден 15 6ml 9ml 15ml  37,5mg/15mg

ДОЗА НА ОДРЖУВАЊЕ

Ден 15- 6ml 9ml 15ml- 37,5mg/15mg

 

Деца

КАНОБИЛ®ХИВ  не се препорачува за употреба кај деца и адолесценти на возраст под 18 години со оглед на недостатокот на податоци за безбедноста и ефикасноста.

СОСТАВ

(2,5 mg тетрахидроканабинол (THC) и 1 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(300 mg тетрахидроканабинол (THC) и 120 mg канабидиол (CBD))/120 mL

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

КАНОБИЛ® ХИВ може да се употребува кај возрасни пациенти како дополнителна терапија на стандардната терапија кај:
ХИВ/СИДА – за подобрување на симптоми на:
-губиток на телесна тежина и нарушен апетит, кога постои неподносливост кон мегестрол ацетат или терапијата со мегестрол ацетат не ги дава очекуваните резултати.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Немојте да го употребувате КАНОБИЛ® ХИВ:
-ако сте алергични (преосетливи) на канабиноиди или на било која од помошните супстанции на лекот;
-ако Вие или некој од Вашето семејство, има било какви проблеми поврзани со менталното здравје како шизофренија, психози или друго тешко психијатриско заболување. Ова не ја вклучува депресијата која се јавува како резултат на Вашата основна болест;
-ако сте бремени или ако доите.
Не го употребувајте овој лек ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас. Ако не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребитеКАНОБИЛ® ХИВ.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со стаклено шише со 120 ml маслен раствор (што одговара на 120 дози)  и пластичен дозирен  градуиран шприц.