КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА

Категорија на производот: Производ од канабис за медицинска употреба
Тип на АТС производ: §КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА се издава на рецепт во два примероци само по препорака на лекар, специјалист онколог или хематолог.
тригоник – значи апсолутна забрана за управување со моторно возило или машина
§ – значи опојна дрога
Назив на производот: КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА маслен екстракт од канабис за медицинска употреба
Генерика: tetrahydrocannabinol  (THC), cannabidiol  (CBD)
Доза:
Mаслен раствор за перорална употреба
(40 mg тетрахидроканабинол (THC) и
40 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(4800 mg тетрахидроканабинол (THC) и
4800 mg канабидиол (CBD))/120 mL

Текстот не е наменет за самомедикација!
Текстот е наменет во информативни цели за стручната јавност.


ИМЕ НА ПРОИЗВОДОТ
КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА
tetrahydrocannabinol (THC), cannabidiol (CBD)
ATC N02BG10


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Терапијата мора да биде препорачана и надгледувана од лекар, специјалист онколог или хематолог.

Вашиот лекар ќе Ви каже колку дози дневно треба да употребите  и кога да ги употребите. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар.

КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА се употребува перорално.

Третманот со КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА не е третман за воведување, туку е продолжување на третманот кај пациенти кај кои лекарот што го препорачува, утврдува дека треба да се пристапи кон  употреба на повисоки дози.

Протресете го шишето пред употреба. Со пластичниот градуиран шприц извлечете количина од маслениот раствор што одговара на дозата дадена според шема од Вашиот лекар. Внимателно истиснете ја содржината од шприцот во устата и полека голтнете.

КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА  може да го употребувате со или без храна. Како и да е, употребата на  КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА со храна, може да влијае на количината на КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА  што Вашиот организам ја прима.

Треба да се обидете, колку е можно повеќе, да го употребувате КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА  на ист начин во однос на  земањето на храна, со цел да го добиете истиот ефект.

Дневната доза на КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА како продолжување на воведниот третман ја дефинира лекарот што го препорачал третманот, врз основа на проценката на состојбата на пациентот и земајќи во предвид дека еден милилитар (1mL) КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА содржи 40 mg тетрахидроканабинол (THC) и 40 mg канабидиол (CBD).

Во тек на терапијата, на секои 4, 8 и 12 недели се прави лабораториска контрола на хематолошки показатели и показатели на функционирањето на црниот дроб и бубрезите и се следи појавата на тегоби и нивната подносливост. Во случај на отстапувања кои го надминуваат односот корист/ризик треба да се размисли за престанок со терапијата.

Деца
КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА  не смее да се препорачува за употреба кај деца и адолесценти на возраст под 18 години со оглед на недостатокот на податоци за безбедноста и ефикасноста.

СОСТАВ

(40 mg тетрахидроканабинол (THC) и 40 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(4800 mg тетрахидроканабинол (THC) и 4800 mg канабидиол (CBD))/120 mL

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

КАНОБИЛ®КАНЦ УЛТРА се употребува кај возрасни пациенти како симптоматска адјувантна (дополнителна) терапија на стандардната терапија кај:
Малигни заболувања - за подобрување на симптоми на:
-Болка;
-Гадење и повраќање предизвикани од примена на хемотерапија кај пациенти кај кои стандардната терапија со други лекови против повраќање (како 5-HT3 антагонисти) не ги дава очекуваните резултати.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Немојте да го употребувате КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА:
-Ако сте алергични (преосетливи) на канабиноиди или на која било од помошните супстанции;
-Ако Вие или некој од Вашето семејство има какви било проблеми поврзани со менталното здравје како шизофренија, психози или друго тешко психијатриско заболување. Ова не ја вклучува депресијата која се јавува како резултат на Вашата основна болест;
- Ако сте бремени или ако доите.
Не го употребувајте КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас. Ако не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите КАНОБИЛ® КАНЦ УЛТРА.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластично шише и пластично капаче безбедно за деца со 120 mL маслен раствор (што одговара на 120 дози) и пластичен дозирен градуиран шприц.