КАНОИЛ® БИО 3000 mg CBD
Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ® БИО
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:
Маслен раствор во масло од коноп
3000 mg CBD, спреј, 30 ml
Арома јагода
ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
КАНОИЛ® БИО
CBD (Cannabidiol)
ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® БИО И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
КАНОИЛ® БИО е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп. Маслениот раствор е со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Маслениот екстракт e добиен со екстракција од растението коноп (канабис), која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што му обезбедува највисок квалитет. Екстрактот содржи канабиноиди, посебно CBD (Cannabidiol), како и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и други слични соедниненија.
Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем во човековиот организам и може да имаат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем) и други позитивни ефекти на општата здравствена состојба.
Маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО е едно од ретките природни растителни масла, погодно и за секојдевна употреба во исхраната, а содржи есенцијални омега-6 масни киселини (линолеична – LA и гама-линоленична киселина – GLA) и омега-3 масни киселини (алфа-линоленична – ALA и стеаридонска киселина – SDA) во сооднос 3:1. Од друга страна, одржувањето на рамнотежата на овој сооднос во исхраната, е важно за спречување на појава на воспалителни, кардиоваскуларни, кожни заболувања и други здравствени состојби.
Ова масло, ги содржи сите есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, а содржи и минерали, олигоелементи, витамини, како и фитостероли и токофероли.
Заради тоа, КАНОИЛ® БИО препаратот од маслен екстракт од растението коноп и масло од семе од коноп, може да содржи и терпени, флавоноиди, гликозиди, пигменти, алкани, азотни соединенија, есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, магнезиум, манган, железо, цинк, калиум, витамини (А, B1, B2, B3, B5, B6, C, D, Е, F) и значајни количини на фитостероли и токофероли (од Витамин Е комплексот) кои се важни во изградба на клетките и нормално одвивање на метаболните и физиолошките процеси во човековиот огранизам.
Комплексните составни компоненти на маслениот екстракт и маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО спрејот имаат “entourage” ефект, односно манифестираат синергистичко и надополнувачко меѓусебно дејство, што му овозможува на маслениот раствор поволно да влијае на функцијата на многу системи во човековиот организам и на општата здравствена состојба.
КАНОИЛ® БИО содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa под 0,2%.
Аромата јагода во КАНОИЛ® БИО го подобрува вкусот и мирисот на маслениот раствор и овозможува подобро поднесување кај лицата на кои им пречи природниот вкус и мирис што потекнува од билката коноп (канабис).
КАНОИЛ® БИО маслениот раствор во форма на спреј овозможува едноставна и брза употреба.
За што се употребува граничниот производ КАНОИЛ® БИО
КАНОИЛ® БИО може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
КАНОИЛ® БИО не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® БИО се манифестираат и при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
- Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
- Помага во одржување на балансот на цревната флора;
- Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.
Може да се употребува и за:
- Превенција од кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
- Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
- Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
КАНОИЛ® БИО маслениот раствор, спреј е едноставен за дозирање и примена.
Пред употреба треба добро да се протресе.
КАНОИЛ® БИО се испрскува во устата со обичен притисок на пумпицата и по испрскувањето се задржува околу 60 секунди пред да се голтне.
Храната не влијае на употребата на КАНОИЛ® БИО.
Употреба кај возрасни и деца над 14 години: двапати на ден по едно испрскување, препорачливо наутро и навечер.
Употреба кај деца до 14 години: се препорачува едно испрскување дневно.
Единечната спреј доза има волумен од 250 μl со кој се обезбедува 25 mg CBD.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
КАНОИЛ® БИО не содржи глутен и лактоза.
Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.
КАНОИЛ® БИО може да го употребуваат лица со дијабетес.
СОСТАВ
КАНОИЛ® БИО маслениот раствор, спреј содржи: - 3000 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis), -арома јагода; -масло од семе од коноп до 10 ml. |
КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА
-Хиперсензитивност на која било состојка на спрејот;
-бременост или доење; -употреба на алкохол или недозволени супстанции. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со темно стаклено шише од 30 ml со дозирачка пумпица со пластично проsирно капаче. |