КАНОИЛ® Life 30% CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ®life
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:  Маслен раствор во масло од авокадо
30 % CBD
(3000 mg CBD/ 10 ml)


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД

КАНОИЛ® life

CBD (Cannabidiol)


ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ®  life И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® life е маслен раствор за перорална употреба, кој содржи висока концентрација на CBD (Cannabidiol) од 3000 mg во 10 ml масло од авокадо.

КАНОИЛ® life содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa  под 0,2%

КАНОИЛ® life маслениот раствор, е посебна комбинацијата на високи концентрации CBD и високовредно масло од авокадо, која е формулирана во согласност со најновите сознанија за позитивните ефекти кај различни здравствени состојби на поединичните компоненти:

Канабидиолот во  КАНОИЛ® life е природен екстракт со висока концентрација на  CBD добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и може да имаат имуномодулаторно дејство (го подобруваат имунолошкиот одговор), противвоспалително, антиоксидантно, аналгетско, анксиолитично, невропротективно, кардиопротективно и други дејства.

Маслото од авокадо, предмет на интензивни научни истражувања, е исклучително богато со незаситени масни киселини во висока концентрација, феноли, ксантофили, фитостероли, витамини, минерали и др. Посебно значајни се мононезаситените масни киселини, со најголема содржина на олеичната омега-9-масна киселина со силно противвоспалително дејство, Комбинацијата на олеичната киселина, ксантофилите и фенолите со останатите составни компоненти на маслото од авокадо придонесуваат за изразените антиоксидативни, противвоспалителни и вазопротективни својства на маслото од авокадо и неговото поволно дејство на зглобовите.

Противвоспалителното дејство на маслото од авокадо се надополнува со имуномодулаторното дејство на CBD од што произлегува значајно подобрување на имунолошкиот одговор.

Маслото од авокадо придонесува за подобрување на општото здравје со силните антиоксидативни својства со кои преку неутрализирање на слободните радикали и токсините, го намалува ризикот за оштетување на клетките. Канабидиолот со своите антиоксидантни својства дополнително го намалува ризикот за оштетување на клетките и подобрување на функцијата на многу системи.

Маслото од  авокадо е важно и за одржување на функцијата на кардиоваскуларниот систем. Помага  во регулирање на  покачените  концентрации  на  липиди  и холестерол во крвта, во подобрување на  липидниот профил и регулирање  на крвниот притисок со што манифестира вазопротективно и кардиопротективно дејство. Исто така, маслото од авокадо може да помогне во намалување на зголеменото ниво на шеќер во крвта и постпрандијалниот профил на инсулинот. CBD исто така помага во регулирање на покачено ниво на масти,  холестерол и шеќер во крвта со што се надополнува и влијанието во одржувањето на кардиоваскуларното здравје. Комбинацијата на двете составни компоненти во КАНОИЛ® life може да ја подобри работата на срцето и крвните садови т.е. делува кардиопротективно и вазопротективно.

Маслото од авокадо делува поволно на зглобовите. Може да го намали ризикот за оштетување на ′рскавицата и да помогне во ублажување на симптомите на остеоартрит. Канабидиолот од друга страна со своето противвоспалително дејство го намалува воспалението и болката при ревматоиден артрит со што дополнително помага во  одржувањето на здрави зглобови.


За што се употребува граничниот производ КАНОИЛ® life

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® life се манифестираат  при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
  • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
  • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
  • Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
  • Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
  • Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
  • Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис.

Може да се употребува и за:

  • Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
  • Нарушен баланс на цревната флора;
  • Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер).

КАНОИЛ® life не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® life се зема со капнување под јазик .

Пред употреба треба добро да се протресе. Пред употреба, шишенцето со маслото треба да се загрее со држење во дланките и убаво да се промеша.

Возрасни и адолесценти:

КАНОИЛ® life  се употребува еднаш дневно. Наутро се капнуваат 3-4 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне.

Во 1 капка КАНОИЛ® life се содржат 12 mg CBD (теоретска вредност).

Храната не влијае на употребата на КАНОИЛ® life.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

КАНОИЛ® life  не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

КАНОИЛ® life може да го употребуваат лица со дијабетес.

СОСТАВ

КАНОИЛ® life маслениот раствор содржи:

  • 3000 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis),
  • масло од авокадо.

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

  • Хиперсензитивност на која било состојка на маслениот раствор;
  • бременост или доење;
  • употреба на алкохол или недозволени супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со стаклено шише од 10 ml со капаче со капалка.