КАНОИЛ® БИО 20% CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ® БИО
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:
Маслен раствор во масло од коноп
20 % CBD, спреј, 10 ml
(2000 mg CBD/ 10 ml)

ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
КАНОИЛ® БИО
CBD (Cannabidiol) 

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ®  БИО И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® БИО е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп.

Маслениот екстракт e добиен со екстракција од растението коноп (канабис), која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што му обезбедува највисок квалитет и докажано отсуство на хербициди и пестициди.

Екстрактот содржи канабиноиди, посебно CBD (Cannabidiol), како и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol)  и други слични соедниненија.

Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и може да имаат имуномодулаторен (го подобруваат имунолошкиот систем) и други позитивни ефекти.

Маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО е едно од ретките природни растителни масла кое содржи есенцијални омега-6 масни киселини и омега-3 масни киселини во сооднос 3:1, чие одржување е важно за спречување на воспалителни, кардиоваскуларни, кожни заболувања и други здравствени нарушувања.

КАНОИЛ® БИО препаратот од маслен екстракт од растението коноп и масло од семе од коноп може да содржи и терпени, флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките и нормално одвивање на метаболните и физиолошките процеси во организмот.

Комплексните составни компоненти на маслениот екстракт и маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО спрејот имаат “entourage” ефект (надополнувачко меѓусебно дејство)  што му овозможува на маслениот раствор поволно да влијае на функцијата на многу системи и на општата здравствена состојба.

КАНОИЛ® БИО содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa  под 0,2%.


За што се употребува  граничниот производ КАНОИЛ® БИО

КАНОИЛ® БИО може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.

КАНОИЛ® БИО не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® БИО се манифестираат и при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
  • Нарушен баланс на цревната флора;
  • Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер).

Може да се употребува и за:

  • Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
  • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
  • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
  • Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
  • Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
  • Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
  • Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® БИО маслениот раствор во форма на спреј овозможува едноставна и брза употреба.

КАНОИЛ® БИО спрејот е наменет за сублингвална употреба (се испрскува под јазик).

Со употребата на КАНОИЛ® БИО под јазик се овозможува апсорбција на Cannabidiol (CBD) директно во крвта и побрзо обезбедување на повисоки концентрации на CBD во системската циркулација.

Предноста од испрскувањето под јазик е можноста за поедноставно прилагодување на на дозата при нејзино постепено зголемување(ако е потребно).

Единечната спреј доза има волумен од околу 200 μl  со кој се обезбедува околу 40 mg CBD.

Пред употреба треба добро да се протресе.

КАНОИЛ® БИО се испрскува под јазик со обичен притисок на пумпицата и по испрскувањето се задржува околу 60 секунди пред да се голтне.

При употребата на КАНОИЛ® БИО спрејот под јазик може да се почувствува специфичен вкус кој произлегува од природните составни компоненти на билката канабис.

Употреба кај возрасни и деца над 14 години: еднаш до двапати на ден по едно испрскување.

Употреба кај деца до 14 години: се препорачува едно испрскување дневно.

Храната не влијае на употребата на КАНОИЛ® БИО.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

КАНОИЛ® БИО не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

КАНОИЛ® БИО може да го употребуваат лица со дијабетес.

СОСТАВ

КАНОИЛ® БИО маслениот раствор, спреј содржи:
- 2000 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis),- масло од семе од коноп до 10 ml.

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

-Хиперсензитивност на која било состојка на спрејот;

-бременост или доење;

-употреба на алкохол или недозволени супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со темно стаклено шише од 10 ml со дозирачка пумпица со пластично проsирно капаче.