КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ

Категорија на производот: Производ од канабис за медицинска употреба
Тип на АТС производ: §КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ се издава на рецепт во два примероци само по препорака на лекар, специјалист онколог или хематолог.
тригоник – значи апсолутна забрана за управување со моторно возило или машина
§ – значи опојна дрога
Назив на производот: КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ маслен екстракт од канабис за медицинска употреба
Генерика: tetrahydrocannabinol  (THC), cannabidiol  (CBD)
Доза:
Mаслен раствор за перорална употреба
(20 mg тетрахидроканабинол (THC) и
20 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(2400 mg тетрахидроканабинол (THC) и
2400 mg канабидиол (CBD))/120 mL

Текстот не е наменет за самомедикација!
Текстот е наменет во информативни цели за стручната јавност.


ИМЕ НА ПРОИЗВОДОТ
КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ
tetrahydrocannabinol (THC), cannabidiol (CBD)
ATC N02BG10


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Терапијата мора да биде препорачана и надгледувана од лекар, специјалист онколог или хематолог.
Вашиот лекар ќе Ви каже колку дози дневно треба да употребите и кога да ги употребите. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар.

КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ се употребува перорално.

Третманот со КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ не е третман за воведување, туку е продолжување на третманот кај пациенти кај кои лекарот што го препорачува, утврдува дека треба да се пристапи кон употреба на повисоки дози.
Протресете го шишето пред употреба. Со пластичниот градуиран шприц извлечете количина од маслениот раствор што одговара на дозата дадена според шема од Вашиот лекар. Внимателно истиснете ја содржината од шприцот во устата и полека голтнете.

КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ може да го употребувате со или без храна. Како и да е, употребата на КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ со храна, може да влијае на количината на КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ што Вашиот организам ја прима.

Треба да се обидете, колку е можно повеќе, да го употребувате КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ на ист начин во однос на земањето на храна, со цел да го добиете истиот ефект.

Дневната доза на КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ како продолжување на воведниот третман ја дефинира лекарот што го препорачал третманот, врз основа на проценката на состојбата на пациентот и земајќи во предвид дека еден милилитар (1mL) КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ содржи 20 mg тетрахидроканабинол (THC) и 20 mg канабидиол (CBD).

Во тек на терапијата, на секои 4, 8 и 12 недели се прави лабораториска контрола на хематолошки показатели и показатели на функционирањето на црниот дроб и бубрезите и се следи појавата на тегоби и нивната подносливост. Во случај на отстапувања кои го надминуваат односот корист/ризик треба да се размисли за престанок со терапијата.

Деца
КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ не смее да се препорачува за употреба кај деца и адолесценти на возраст под 18 години со оглед на недостатокот на податоци за безбедноста и ефикасноста.

СОСТАВ

(20 mg тетрахидроканабинол (THC) и 20 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(2400 mg тетрахидроканабинол (THC) и 2400 mg канабидиол (CBD))/120 mL

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ се употребува кај возрасни пациенти како симптоматска адјувантна (дополнителна) терапија на стандардната терапија кај:
Малигни заболувања - за подобрување на симптоми на:
-Болка;
-Гадење и повраќање предизвикани од примена на хемотерапија кај пациенти кај кои стандардната терапија со други лекови против повраќање (како 5-HT3 антагонисти) не ги дава очекуваните резултати.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Немојте да го употребувате КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ:
-Ако сте алергични (преосетливи) на канабиноиди или на која било од помошните супстанции;
-Ако Вие или некој од Вашето семејство има какви било проблеми поврзани со менталното здравје како шизофренија, психози или друго тешко психијатриско заболување. Ова не ја вклучува депресијата која се јавува како резултат на Вашата основна болест;
- Ако сте бремени или ако доите.
Не го употребувајте КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас. Ако не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите КАНОБИЛ® КАНЦ ФОРТЕ.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластично шише и пластично капаче безбедно за деца со 120 mL маслен раствор (што одговара на 120 дози) и пластичен дозирен градуиран шприц.