КАНОИЛ

За Растението Cannabis

Вашето Здравје, Наша Обврска

КАНОИЛ

Растението Cannabis

Канабис Сатива или коноп е едногодишно тревесто растение со потекло од Централна Азија, по познато како „канабис“ или „марихуана“, кое во минатото било многу често користено во народната медицина за лекување на различни здравствени состојби.

Со историјат кој датира илјадници години наназад, канабисот, е едно од најстарите растенија употребувани  во традиционални народни лекувања. По долгиот период на забрана, канабисот доживува глобална реафирмација поткрепена со голем број клинички студии за неговиот медицински потенцијал.

Најраспространети видови канабис се: Cannabis Sativa, Indica and Ruderalis.

SATIVA

INDICA

RUDERALIS

Маслените Екстракти во КАНОИЛ®

Терпени

Покрај канабиноидите, маслата од коноп КАНОИЛ содржат и терпени, есенцијални масла одговорни за мирисот и вкусот на производите од канабис, што исто така може да го модулира (подобри) ефектот на канабидиолот. Примарните терпени и нивните својства се прикажани на сликата.

Други природни состојки

Маслата од коноп КАНОИЛ содржат и омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, Ф), пигменти, алкани, азотни соединенија, важни за формирањето на клетките, метаболичките процеси, одржување на функција на многу системи и целокупно подобрување на општата здравствена состојба.

За разлика од фармацевтските форми кои содржат единечни синтетскии канабиноиди, во природните производи од канабис, особено е значајно синергистичкото делување на различните фитокомпоненти. Секоја од овие фито-компоненти има свој специфичен ефект; сепак, комплексниот природен состав и синергијата на компонентите се најважни за  подобрување на психофизичката состојба на човековиот организам.

Канабиноиди

Во последно време, канабиноидите добиваат сè поголема глобална афирмација поради нивниот голем терапевтски потенцијал;  згора на тоа, тие се основа за медицинска и научна примена на канабисот, заради многубројните позитивни ефекти,  истражувани во значително долг временски период.

КАНОИЛ маслата од коноп содржат CBD (Cannabidiol), а не содржат THC (9-делта тетрахидроканабинол) кој  е одговорен за психотропниот ефект.

Маслата од коноп КАНОИЛ имаат строго контролиран состав на канабиноиди. Покрај CBD и неговата карбоксилизирана форма CBDA (канабидиолична киселина), содржат и CBN (Cannabinol), CBG (Canabigerol) и други канабиноиди присутни во растението.

CBD

Канабидиол (CBD) е најважниот фитоканабиноид или втор најзастапен канабиноид кај различни лекови добиени од растението. Кај канабисот, CBD е присутен во горната третина од растението и цветовите, во  концентрации од 0,5 до 2% .

Во Германија и во многу други земји, на производителите на коноп им е дозволено да одгледуваат сорти на канабис со високи концентрации на CBD и ниски концентрации на THC, наменети за производство на влакна или индустриски суровини, додека семето од коноп се користи за производство на растително масло.

Од неодамна се зголемува интересот за терапевтскиот потенцијал на CBD , бидејќи не предизвикува психотропни ефекти ниту други несакани ефекти, дури и во високи дози. Досега се спроведени неколку клинички студии; а, основните истражувања укажуваат на потенцијална терапевтска примена кај голем број на болести или симптоми.

Ендоканабиноиден Систем и дејство на Канабидиол (CBD)

Ендоканабиноидниот систем (ЕКС) е широко распространет во човечкото тело. Тој регулира голем број на физиолошки процеси преку CB1, CB2 рецептори, ендогени лиганди (eCBs) и систем на ензими (транспортери, биосинтетички, деградирачки ензими) сите вклучени во ендоканабиноидниот метаболизам.

Механизмот на дејствување канабидиол не е целосно јасен; несомнено е крајно комплексен, но сепак покажува бројни позитивни здравствени ефекти во човековиот организам:

 

  • Анти-инфламаторно дејство (смирува воспаление, црвенило, чешање, ја ублажува болката од воспалително потекло како хронична болка при ревматоиден артритис, ги ублажува воспалителните симптоми  во дигестивниот тракт како болка и грчеви)
  • Невропротективно дејство (смирува болка и оштетување на нервите)
  • Кардиопротективно дејство (антихипертензивно, вазо-релаксирачко, го регулира нивото на липиди и гликоза во крвта )
  • Анксиолитичко и антидепресивно дејство  (при стрес)
  • Го подобрува имунитетот
  • Го намалува нагонот на гадење и повраќање за време на хемотерапија или радиотерапија
  • Спазмолитичко и антиконвулзивно дејство
  • Локално смирувачко, антибактериско, кератолитичко дејство
РАБОТНИ ЧАСОВИ

Пон. – Пет. / 8.00 – 16.00