КАНОИЛ® Mаст 200 mg CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ®
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза: Маст (200 mg CBD/ 50 g маст)


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
КАНОИЛ®
CBD (Cannabidiol)

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® маста содржи маслен екстракт од коноп или коноп добиен со екстракција која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи и со докажано отсуство на хербициди и пестициди.

Маслениот екстракт од коноп содржи канабиноиди, а може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, пигменти, аминокиселини и витамини (А, B1, B2, B6, C, D).

Маслениот екстракт од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.

Канабиноидите, a посебно CBD (Cannabidiol), се врзуваат за рецепторите на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис),  клетките на лојните жлезди и нервните завршетоци во кожата, при што се постигнува нивниот противвоспалителен и смирувачки ефект.

Канабидиолот во КАНОИЛ® маста, врз основа на неколку спроведени студии, може:

  • да има локално противвоспалително дејство,
  • да ја намали болката и чешањето,
  • да влијае на лачењето на мастите од лојните жлезди (посебно кај кожа со зголемено лачење на лојните жлезди во кожата, поврзано со возраст и хормонален статус),
  • да го намали прекумерниот клеточен раст (хиперкератоза).

КАНОИЛ® маста содржи и витамин Е, што има поволно дејство при епителизација, регенерација и одржување на тонусот на кожата.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® маста е  наменета само за надворешна употреба.

Пред употреба на КАНОИЛ® маста,  кожата треба да се исчисти.

КАНОИЛ® маста се нанесува во тенок слој на зафатениот дел на кожата два пати дневно.

При употреба на КАНОИЛ® маста  треба да се избегнува контакт со очи.

КАНОИЛ® маста содржи помошни состојки кои можат да ја замастат површината на која се нанесува производот.

КАНОИЛ® маста не содржи вештачки бои и парабени.

Category:

Description

СОСТАВ

50 g КАНОИЛ® маст содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 200 mg CBD. (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis).

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

Хиперсензитивност на која било состојка на маста.

ПАКУВАЊЕ

Кутијата со туба со 50 g маст.
СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!