КАНОИЛ® Mаст 100 mg CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ®
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза: Маст (100 mg CBD/ 50 g маст)


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
КАНОИЛ®
CBD (Cannabidiol)

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® маста содржи маслен екстракт од коноп, од едногодишното тревесто растение канабис или коноп. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.

Маслениот екстракт од коноп содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивни карбоксилни соединенија.

Маслениот екстракт од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и подобрување на здравствената состојба.
Маслениот екстракт од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.

Канабиноидите, a посебно CBD (Cannabidiol), се врзуваат за рецепторите на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа за соодветните рецептори на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), клетките на лојните жлезди и нервните завршетоци во кожата, при што се постигнува нивниот противвоспалителен и смирувачки ефект.

Канабидиолот во КАНОИЛ® маста, врз основа на неколку спроведени студии, може да има локално противвоспалително дејство, може да ја намали болката и чешањето, односно може да влијае на лачењето на мастите од лојните жлезди, посебно кај кожа со зголемено лачење на лојните жлезди во кожата поврзано со возраст и хормонален статус и да го намали прекумерниот клеточен раст (хиперкератоза).

КАНОИЛ® маста содржи и витамин Е, што има поволно дејство при епителизација, регенерација и одржување на тонусот на кожата.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® маста е наменета само за надворешна употреба.

Пред употреба на КАНОИЛ® маста, кожата треба да се исчисти.

КАНОИЛ® маста се нанесува во тенок слој на зафатениот дел на кожата два пати дневно.

При употреба на КАНОИЛ® маста треба да се избегнува контакт со очи.

КАНОИЛ® маста содржи помошни состојки кои можат да ја замастат површината на која се нанесува производот.

Category:

Description

СОСТАВ

50 g КАНОИЛ® маст содржи околу 455 mg природен екстракт од канабис кој обезбедува 100 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis)

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

Хиперсензитивност на која било состојка на маста.

ПАКУВАЊЕ

Кутијата со туба со 50 g маст.
СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!