КАНОИЛ® 5% CBD 10 ml

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ®
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:  Масло од коноп 5% CBD (500 mg CBD/10ml)


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД:
КАНОИЛ®
CBD (Cannabidiol)

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® 5% CBD масло е маслен екстракт од растението канабис или коноп, што е едногодишно тревесто растение. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.

  • КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп може да содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.
  • Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем).
  • КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
  • КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) количини под 0,2%.
  • КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп може да помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
  • КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп се манифестираат и при:
−Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
−Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора;
−Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.
Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп се зема со капнување под јазик.
Пред употреба треба добро да се протресе. Пред употреба, шишенцето со маслото треба да се загрее со држење во дланките и убаво да се промеша.

Возрасни
КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп се употребува 2 пати на ден.
Се капнуваат 5 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне.

Деца до 14 години
КАНОИЛ® 5% CBD маслото од коноп се употребува еднаш дневно.
Се капнуваат 2-3 капки под јазикот и се задржуваат околку 60 секунди пред да се голтне.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

КАНОИЛ® 5% CBD маслото е погоднo за дијабетичари и популација на вегетаријанска исхрана.

Category:

Description

СОСТАВ

КАНОИЛ® 5% CBD масло 10 ml содржи:
– CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis) 500 mg
– Mаслиново масло до 10 ml

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

-Хиперсензитивност на која било состојка на супозиторииите;
-бременост или доење;
-употреба на алкохол или недозволени супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со темно стаклено шише од 10 ml, со капалка.
СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!