КАНОИЛ® БИО 800 mg CBD

Категорија на производот: Граничен Производ
Назив на производот: КАНОИЛ® БИО
Генерика: CBD (Cannabidiol)
Доза:
Маслен раствор во масло од коноп
800 mg CBD, спреј, 30 ml
Арома ванила


ИМЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
КАНОИЛ® БИО
CBD (Cannabidiol)

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® БИО И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

КАНОИЛ® БИО е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп. Маслениот раствор е со докажано отсуство на пестициди и хербициди.

Маслениот екстракт e добиен со екстракција од растението коноп (канабис), која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што му обезбедува највисок квалитет. Екстрактот содржи канабиноиди, посебно CBD (Cannabidiol), како и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol)  и други слични соедниненија.

Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем во човековиот организам и може да имаат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем) и други позитивни ефекти на општата здравствена состојба.

Маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО е едно од ретките природни растителни масла, погодно и за секојдевна употреба во исхраната, а содржи есенцијални омега-6 масни киселини (линолеична – LA и гама-линоленична киселина – GLA) и омега-3 масни киселини (алфа-линоленична – ALA и стеаридонска киселина – SDA) во сооднос 3:1. Од друга страна, одржувањето на рамнотежата на овој сооднос во исхраната, е важно за спречување на појава на воспалителни, кардиоваскуларни, кожни заболувања и други здравствени состојби.

Ова масло, ги содржи сите есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, а содржи и минерали, олигоелементи, витамини, како и фитостероли и токофероли.

Заради тоа, КАНОИЛ® БИО препаратот од маслен екстракт од растението коноп и масло од семе од коноп, може да содржи и терпени, флавоноиди, гликозиди, пигменти, алкани, азотни соединенија, есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, магнезиум, манган, железо, цинк, калиум, витамини (А, B1, B2, B3, B5,  B6, C, D, Е, F) и значајни количини на фитостероли и токофероли (од Витамин Е комплексот) кои се важни  во изградба на клетките и нормално одвивање на  метаболните и физиолошките  процеси во човековиот огранизам.

Комплексните составни компоненти на маслениот екстракт и маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО спрејот имаат “entourage” ефект, односно манифестираат синергистичко и надополнувачко меѓусебно дејство,  што му овозможува на маслениот раствор поволно да влијае на функцијата на многу системи во човековиот организам и на општата здравствена состојба.

КАНОИЛ® БИО содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa  под 0,2%.

Аромата ванила во КАНОИЛ® БИО го подобрува вкусот и мирисот на маслениот раствор и овозможува подобро поднесување кај лицата на кои им пречи природниот вкус и мирис што потекнува од билката коноп (канабис).

КАНОИЛ® БИО маслениот раствор во форма на спреј овозможува едноставна и брза употреба.


За што се употребува  граничниот производ КАНОИЛ® БИО

КАНОИЛ® БИО може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.

КАНОИЛ® БИО не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® БИО се манифестираат и при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
  • Помага во одржување на балансот на цревната флора;
  • Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.

Може да се употребува и за:

  • Превенција од кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
  • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
  • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

КАНОИЛ® БИО маслениот раствор, спреј е едноставен за дозирање и примена.

Пред употреба треба  добро да се протресе.

КАНОИЛ® БИО се испрскува во устата со обичен притисок на пумпицата и по испрскувањето се задржува околу 60 секунди пред да се голтне.

Храната не влијае на употребата на КАНОИЛ® БИО.

Употреба кај возрасни и деца над 14 години: двапати на ден по две испрскувања, препорачливо наутро и навечер.

Употреба кај деца до 14 години: се препорачува едно испрскување двапати на ден, наутро и навечер.

Единечната спреј доза има волумен од 250 μl  со кој се обезбедува 6.7 mg CBD.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
КАНОИЛ® БИО не содржи глутен и лактоза.
Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.
КАНОИЛ® БИО може да го употребуваат лица со дијабетес.

Category:

Description

СОСТАВ

КАНОИЛ® БИО маслениот раствор, спреј содржи:
– 800 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis),
-арома ванила;
-масло од семе од коноп до 10 ml.

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА

-Хиперсензитивност на која било состојка на спрејот;

-бременост или доење;

-употреба на алкохол или недозволени супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со темно стаклено шише од 30 ml со дозирачка пумпица со пластично проsирно капаче.
СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!