КАНОБИЛ® МС

Категорија на производот: Производ од канабис за медицинска употреба
Тип на АТС производ :§КАНОБИЛ® МС се издава на рецепт во два примероци само по препорака на лекар специјалист невролог.
тригоник – значи апсолутна забрана за управување со моторно возило или машина
§ – значи опојна дрога
Назив на производот: КАНОБИЛ® МС маслен екстракт од канабис за медицинска употреба
Генерика: tetrahydrocannabinol  (THC), cannabidiol  (CBD)
Доза: Mаслен раствор за перорална употреба
(2 mg тетрахидроканабинол (THC) и
1 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(240 mg тетрахидроканабинол (THC) и
120 mg канабидиол (CBD))/120 mL

Текстот не е наменет за самомедикација!
Текстот е наменет во информативни цели за стручната јавност.


ИМЕ НА ПРОИЗВОДОТ
КАНОБИЛ® МС
tetrahydrocannabinol (THC), cannabidiol (CBD)
ATC N02BG10


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Терапијата мора да биде препорачана и надгледувана од лекар. Вашиот лекар ќе Ви каже колку дози дневно треба да употребите и кога да ги употребите. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар.

КАНОБИЛ® МС се употребува перорално. Протресете го шишето пред употреба. Со пластичниот градуиран шприц извлечете количина од маслениот раствор што одговара на дозата дадена според шема од Вашиот лекар. Внимателно истиснете ја содржината од шприцот во устата и полека голтнете.

Секогаш употребувајте го КАНОБИЛ® МС како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар. Ако не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
КАНОБИЛ® МС може да го употребувате со или без храна. Како и да е, употребата на КАНОБИЛ® МС со храна, може да влијае на количината на КАНОБИЛ® МС што Вашиот организам ја прима.
Треба да се обидете, колку е можно повеќе, да го употребувате КАНОБИЛ® МС на ист начин во однос на земањето на храна, со цел да го добиете истиот ефект .

Возрасни
Терапијата со КАНОБИЛ® МС вклучува:
Период на титрација и Период на одржување согласно шемата на дозирање.
Перидот на титрација трае неколку недели, вообичаено 3-4 недели и вклучува:

  • Процена на тежината на симптомите кај пациентот, пред почеток и во тек на терапијата, со примена на NRS вредност (NRS – numerical rating scale – Нумеричка скала за мерење на интензитетот на симптомите: 0 = нема тегоби, – 10 = најсилно изразени тегоби).
  • Постепено зголемување на дозата до постигнување на саканиот ефект: намалување на спазамот во мускулите (здрвеноста) со најмалку несакани ефекти.
  • Кога во тек на титрацијата ќе се постигне саканиот ефект треба да се престане со понатамошно зголемување на дозата, независно дали е постигната доза на одржување.
  • Ако во текот на дозирањето се појават умерени несакани тегоби (вообичаено зашеметеност), треба да се намалува дозата и тоа секој ден по една дневна доза помалку (по обратен редослед од зголемувањето).
  • Ако во тек на дозирањето се појават сериозни несакани тегоби треба да се престане со терапија.
  • Дозата постигната во тек на титрацијата, која е во рамките на максимално препорачаната дневна доза, која е добро поднослива и со која се постигнува снижување на NRS, е Доза на одржување.
  • Максималната дневна доза на THC е 30 mg/ден.
  • По препорака на лекар дозата може да се намали или зголеми.

ПЕРИОД НА ТИТРАЦИЈА

УТРИНСКА ДОЗА
(период меѓу будење и 12 часот на пладне)
количина на маслен раствор (ml)
ВЕЧЕРНА ДОЗА
(период меѓу 4 часот на пладне и пред спиење)
количина на маслен раствор (ml)
Вкупна дневна количина на маслен раствор (ml) Вкупна дневна доза
THC/CBD (mg)
Ден 1 / 1 ml 1 ml 2mg/1mg
Ден 2 / 1 ml 1 ml 2mg/1mg
Ден 3 / 2 ml 2 ml 4mg/2mg
Ден 4 / 2 ml 2 ml 4mg/2mg
Ден 5 1 ml 2 ml 3 ml 6mg/3mg
Ден 6 1 ml 3 ml 4 ml 8mg/4mg
Ден 7 1 ml 4 ml 5 ml 10mg/5mg
Ден 8 2 ml 4 ml 6 ml 12mg/6mg
Ден 9 2 ml 5 ml 7 ml 14mg/7mg
Ден 10 2 ml 5 ml 8 ml 16mg/8mg
Ден 11 3 ml 6 ml 9 ml 18mg/9mg
Ден 12 4 ml 6 ml 10 ml 20mg/10mg
Ден 13 4 ml 7 ml 11 ml 22mg/11mg
Ден 14 5 ml 7 ml 12 ml 24mg/12mg
Ден 15 5 ml 8 ml 13 ml 26mg/13mg
Ден 16 6 ml 8 ml 14 ml 28mg/14mg
Ден 17 6 ml 9 ml 15 ml 30mg/15mg

Во тек на терапијата, на секои 4, 8 и 12 недели се прави лабораториска контрола на хематолошки, хепатални и ренални анализи и се следи појавата на тегоби и нивната подносливост. Во случај на отстапувања кои го надминуваат односот корист/ризик треба да се размисли за престанок со терапијата.

Деца

КАНОБИЛ® МС не се препорачува за употреба кај деца и адолесценти на возраст под 18 години со оглед на недостатокот на податоци за безбедноста и ефикасноста.

Category:

Description

СОСТАВ

(2 mg тетрахидроканабинол (THC) и 1 mg канабидиол (CBD))/ 1 mL
(240 mg тетрахидроканабинол (THC) и 120 mg канабидиол (CBD))/120 mL

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

КАНОБИЛ® МС се употребува кај возрасни пациенти како симптоматска терапија, дополнително на стандардната терапија кај мултиплекс склероза – за подобрување на симптомите на мускулна вкочанетост, што поинаку се нарекува спастицитет.
Под спастицитет се подразбира зголемување на “мускулниот тонус” што прави да ги чувствувате мускулите вкочанети или здрвени. Ова значи дека е потешко од вообичаено да ги движите мускулите.
КАНОБИЛ® МС се употребува кога другите лекови не помогнале на вкочанетоста на Вашите мускули.
Само лекар специјалист невролог може да го започне третманот со КАНОБИЛ® МС .
Пред да започнете со употреба на КАНОБИЛ® МС, Вашиот лекар ќе направи проценка со цел да види колку е тешка вкочанетоста на мускулите и колку добро делувале другите третмани.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Немојте да го употребувате КАНОБИЛ® МС:
– Ако сте алергични (преосетливи) на канабиноиди или на која било од помошните супстанции;
-Ако Вие или некој од Вашето семејство има какви било проблеми поврзани со менталното здравје како шизофренија, психози или друго тешко психијатриско заболување. Ова не ја вклучува депресијата која се јавува како резултат на Вашата основна болест;
– Ако сте бремени или ако доите.
Не го употребувајте КАНОБИЛ® МС ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас. Ако не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите КАНОБИЛ® МС.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластично шише и пластично капаче безбедно за деца со 120 ml маслен раствор (што одговара на 120 дози) и пластичен дозирен градуиран шприц.
СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!