КАНОИЛ

Легализација и Квалитет

Вашето Здравје, Наша Обврска

КАНОИЛ

Каноил® и Каноил Био® маслата со CBD манифестираат многубројни позитивни ефекти на здравјето

Иницијативата за донесување законска регулатива за легализација на производи од канабис за медицинска употреба е поддржана од компании кои произведуваат лекови или додатоци на храна, како и граѓанските здруженија кои ја промовираат и поддржуваат употребата на канабисот.

На јавните дебати, присуствуваа голем број претставници од релевантни институции: Агенција за лекови и медицински помагала на Република Македонија, Фармацевтскиот и Медицински факултет во Скопје, лидери и доктори од различни специјалности, гости од странство кои се бават со оваа проблематика, претставници на фармацевтски компании и други претставници од секторот на здравствени работници.

Дебатите беа интерактивни, во кои исто така учевствуваа цивили кои бараа помош за лекување на разни болести,  за себе или за членови на нивното семејство. Сите застанаа на страната  за легализација на канабисот за медицински цели во Р. Македонија.

Со новото законодавство, се доби јасна дефиниција за дозволените супстанции и концентрации. Производите што содржат под 0,2% од психотропната THC (делта-9-тетрахидроканабинол) и содржат CBD или други не-психотропни канабиноиди (CBD, CBN, CBG) во повисоки концентрации, се категоризираат како гранични производи што значи дека може да се купувааат без рецепт.

Овие производи се наменети за превентивни цели, безбедни се за употреба и можат да имаат само позитивно влијание врз психо-физичката состојба на човечкото тело.

КАНОИЛ

Квалитет пред СÈ

За нас во Реплек Фарм квалитетот е особено важен. Квалитетот е наш приоритет и безрезервна обврска

КАНОИЛ® и КАНОИЛ БИО® маслата со ЦБД се со стандизиран квалитет и се произведуваат според највисок стандард на технолошка постапка и контролирани услови за производство дефинирани со GMP барања.

Квалитетот на секој КАНОИЛ® и КАНОИЛ БИО® производ се потврдува во смисла на квалитативен и квантитативен состав, со високо софистицирани аналитички методи за идентификација на компонентите, како и сертификација на микробиолошка чистота и отсуство на тешки метали, органски растворувачи, хербициди и пестициди.

ЦБД (Cannabidiol), нејзината карбоксилна форма ЦБДА (Cannabidiolic acid) и ЦБН (Cannabinol) се прецизно измерени со неколку одделни методи со цел да се добие лесна и прецизна стандардизација и декларација на составот на секој КАНОИЛ® и КАНОИЛ БИО® производ.

Присуството на ТХЦ (делта – 9 тетрахидроканабинол) е под 0,2% w / w, што во повеќето европски држави е законски регулирано како прифатливо ниска концентрација на психотропната супстанција која не предизвикува психотрофен ефект.

РАБОТНИ ЧАСОВИ

Пон. – Пет. / 8.00 – 16.00

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!