каноил

FAQ

Вашето Здравје, Наша Обврска

КАНОИЛ

Често Поставувани Прашања

Што е масло од канабис/ ЦБД масло?

Масло од канабис е само уште еден збор кој се користи за ЦБД масло, бидејќи и двата термини значат екстракт од канабис.

ЦБД (канабидиол) е едно од над 100-те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис или коноп.

ЦБД масла се масла кои содржат концентрација на ЦБД. Маслото од ЦБД се прави со екстракција на ЦБД од растението канабис, а потоа се меша со масло носач, најчесто маслиново масло или масло од семе од коноп.

Дали може и зошто се појавуваат разлики во вкус и изглед на КАНОИЛ® маслата?

Граничните производи КАНОИЛ® и КАНОИЛ® БИО во својот состав имаат канабидиол (CBD) добиен со суперкритична CO2 екстракција од билката Cannabis sativa од која произлегуваат  својствата: боја, вкус и мирис.

Истите може да варираат во различни серии на производот што резултира со со промена во вкусот (погорчлив), промена во изгледот( посветла или потемна). Независно од овие варијации, сите КАНОИЛ® и КАНОИЛ® БИО производи имаат еднаков квалитет и содржина на  CBD во согласност со спецификацијата за квалитет и составот деклариран на пакувањето.

Каков е екстрактот и на кој начин се прави екстракција кај Каноил производите?

Екстрактот во производите Каноил е природен маслен екстракт добиен од билката канабис.

Самиот екстракт е полновреден или „Full spectrum” што значи дека ги содржи сите канабиониди и биолошки вредни компоненти (омега масни киселини, витамини, аминокиселини, терпени, флавоноиди, фитостероли итн.) кои ги има во самата билка. Тоа е заради методот на екстракција со СО2 на ладно со што се спречува уништувањето на сите канабиноиди и биолошки вредни компоненти и на кој начин се добива чист екстракт без присуство на соединенија (резидуални органски растворувачи) кои се штетни по здравјето.

Која е разликата помеѓу Масло од семе од коноп и ЦБД масло?

ЦБД маслото и маслото од семе од коноп потекнува од истата билка, но тие битно се разликуваат. Односно тоа се две тотално различни соединенија кои доаѓаат од различни делови на растението коноп и имаат различни придобивки.

ЦБД маслото се добива од листовите, цветовите и стебленцата на растението канабис. Содржи ЦБД, една од стоте активни соединенија или канабиноиди, кои се наоѓаат исклучиво во растението канабис. Сите здравствени придобивки од ЦБД маслото, како на пр. аналгетско и антиинфламаторно дејство, се должат токму на присуството на ЦБД.

Маслото од семе од коноп, од друга страна, е ладно цеден екстракт од семето на билката. Богато е со антиоксиданси, омега – 3 и – 6 масни киселини, но истото НЕ содржи ЦБД или други канабиноиди. Генерално се смета за храна и е одлично за додавање на хранлива вредност во Вашата исхрана.

Од која возраст може да се употребува Каноил маслото кај деца?

Со употребата на Каноил маслата кај деца може да се почне над една година.

После колку време од земањето на Каноил маслото ќе се почуствува дејството, односно ефектот?

Ефектот од примената на Каноил маслото настапува индивидуално и во различен временски период од примената, што зависи и од состојбата која се третира. На пр. ако се применува за вознемиреност или несоница ефектот може да се почувствува уште после првата примена. За состојби кај кои Каноил се применува поради имуномодулаторниот ефект или за хронична болка вообичаено е потребна подолготрајна примена за да се активираат физиолошките механизми и соодветно да одговорат, односно да се постигне саканиот ефект.

Дали ЦБД (канабидиолот) има несакани ефекти ?

ЦБД (канабидиол) генерално добро се поднесува и е безбеден за долготрајна употреба. Несакани ефекти кои биле забележани во студиите вклучуваат: дијареа, промени во апетитот, замор.

Дали ЦБД во Каноил маслото делува седативно и дали после употребата е дозволено да се управува со моторно возило?

ЦБД во Каноил маслото не делува седативно но, потребно е да се биде внимателен при управување со моторно возило.

Дали ЦБД маслото има психотропен („high”) ефект и дали создава зависност?

ЦБД може да Ви помогне да се чувствувате опуштено или помалку вознемирено, но докажано е дека нема психотропен ефект и не создава зависност. Затоа Каноил маслото е достапно во продажба без лекарски рецепт.

Дали има опасност од предозирање со Каноил и која е максимална дневна доза на ЦБД?

Не постои опасност од предозирање ако Каноил маслата се применуваат согласно насоките во упаството. Максималната дневна доза се подесува индивидуално и во зависност од состојбата која се третира најдобро е да се  утврди од страна на лекарот.

РАБОТНИ ЧАСОВИ

Пон. – Пет. / 8.00 – 16.00